1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата во северен Либан се потешка

23 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnwW

Голем број лица го напуштаат палестинскиот бегалски камп Нар ел Баред на северот од Либан поради борбите кои веќе неколку дена се водат таму меѓу либанската армија и исламистичките борци. Цел на бегалците е блискиот бегалски кам Бадави или пристанишниот град Триполи. Хуманитарните организации во неколку наврати предупредија на последиците за бегалците во Нахр ел Баред како недостатокот на храна и вода. Армијата на Либан сеуште го држи под опсада логорот каде што упоришта имаат борците на Фатах Ал Ислам. 80 лица досега загинаа во борбите.