1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сите опции се на масата

19 април 2006

Американскиот претседател Џорџ Буш не исклучува ниту воена опција за разрешување на спорот околу иранската атомска програма

https://p.dw.com/p/Ac7H
И натаму со тврдокорен став: Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџат
И натаму со тврдокорен став: Иранскиот претседател Махмуд АхмединеџатФотографија: picture-alliance/dpa

Во моментов меѓутоа американската администрација се обидува да ги убеди Русија и Кина да се согласат за воведување санкции против Техеран . На вчерашните разговори во Москва меѓу претставниците на петте земји постојани членки на Советот за безбедност и Германија, дипломатите од Москва и Пекинг и натаму цврсто опстојуваа на ставот дека санкциите не се најдобрата мерка за надминување на спорот .

На тричасовните разговори во главниот град на Русија , присуствуваа дипломати од Русија , САД , Франција , Велика Британија Кина и Германија .

Портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси по средбата изјави дека американскиот претставник во Москва се залагал за воведување на санкции кон Иран , но оти не успеал да ги убеди воите колеги од Москва и од Пекинг.

Тоа денеска го потврди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров . „Не постигнавме заедничка одлука но не ни беше таква ниту намерата „ Според Лавров сите учесници на вчерашната средба се согласиле дека мора да се побараат најитни конструктивни мерки од страна на Иран , бидејќи Техеран ги преминал сите граници кои му ги поставила меѓународната заедница .

Во меѓувреме пак американскиот опретседател Џорџ Буш изјави дека ги разгледува сите опции , вклучително и воена со цел Иран да биде спречен да развива нуклеарно оружје:

Сите опции се на масата.Но ние сакаме да го решиме ова прашање со дипломатија и работиме напорно да го оствариме тоа – изјави Буш во Вашингтон . Советот за безбедност на ОН , побара од Иран до 28 април да запре со збогатувањето на ураниум , меѓутоа властите во техеран тврдоглаво продолжуваат со развој на оваа нуклеарна технологија .

Фолкер Пертес , експерт за Блискиот Исток во Фондацијата за Наука и Политика смета дека е потребна поинаква политика за да се принуди Иран да соработува со меѓународната заедница:

Потребна е двојна стратегија. Стратегија која од една страна вели: меѓународната заедница може да го изолира Иран доколку не соработува а од другастрана би велела: Ние сме подготвени за соработка , за една тесна и долгорочна соработка , доколку Техеран е подготвен да соработува“