1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отфрлен планот на Арапската лига

23 јануари 2012

Сирија денеска го одби најновиот предлог на државите-членки на Арапската лига за ставање крај на насилството во земјата, оценувајќи го како дел од „заговорот против земјата“.

https://p.dw.com/p/13oB4
Сириските власти го отфрлија предлогот на Арапската лига за запирање на насилството во земјатаФотографија: Reuters

Сириските власти денеска го отфрлиja предлогот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Арапската лига за запирање на насилството во земјата, кој предвидува претседателот Башар Ал Асад да ја предаде власта и да дозволи формирање на преодна влада на национално единство. Властите во Дамаск оценија дека арапскиот план е дел од „заговорот против Сирија“.

„Флагрантно мешање во внатрешните работи“

Treffen der arabischen Liga in Kairo ohne syrischen Delegierten
Состанок на Арапската лига во Каиро без СиријаФотографија: Reuters

На средбата во Каиро, министерскиот совет на Лигата неочекувано постигна согласност за нова политичка резолуција за Сирија. Со планот се предвидува Асад да ја предаде власта на потпретседателот Фарук аш Шара, кој ќе соработува со владата на национално единство. Таа би требало да биде формирана за два месеца и во него да влезат лидерите од опозицијата. Задачата на таа влада ќе биде подготовка на нови избори и нов Устав за кој ќе се гласа на референдум. Потоа би се одржале претседателски и парламентарни избори под арапска и меѓународна контрола. Иницијативата ќе се достави до Советот за безбедност на ОН и од нив ќе се побара поддршка, најавија претставници од Арапската лига.

„Сирија ги отфрла одлуките на министерскиот Совет на Арапската лига и ги смета за повреда на нејзиниот суверенитет и за флагрантно мешање во нејзините внатрешни работи“, гласи реакцијата на сириските власти што ја пренесе државната новинска агенција во Дамаск.

Автор: СН/ ртр/ афп/ миа

Редактор: Александра Трајковска