Сирија го критикува прекинот на арапската набљудувачка мисија
29 јануари 2012Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во реакцијата на прекинот на набљудувачката мисија ја обвини Арапската лига дека со таквиот чекор сака да го зголеми притисокот врз Советот за безбедност на ОН, да дејствува против Сирија.
Арапската лига ја образложи одлуката за прекин на мисијата со фактот дека насилството во Сирија и натаму се зголемува.
Пред еден месец во Сирија допатува група од 165 набљудувачи на Арапската лига за да помогнат во спроведувањето на планот за намалување на насилствата, ослободување на затворениците и воспоставување слобода на движење. Но според претставите на Арапската лига, Дамаск не ги исполнил обврските предвидени со овој план.
Само во изминатите денови во судирите меѓу владините трупи и противниците на режимот загинале 200 луѓе, говорат непотврдени извори. Вчера (28.01.2012) според наводите на претставници на сириската опозиција во странство, сириската армија пукала во предградијата на главниот град Дамаск и притоа загинале најмалку 12 луѓе.
Автор: СН/ АТ/ дпа/ миа
Редактор: Александра Трајковска