Синдикатот на металците постигна договор
4 мај 2007Реклама
Германскиот синдикат на металците и нивните работодавачи постигнаа согласност за зголемување на платите. Претпладнево во Штутгарт е договорено работниците во металната индустрија од наредниот месец да добија зголемување на платите за 4,1 проценти, плус дополнителни 1,7% по 12 месеци. Условите од договорот содржат и еднократна исплата на бонуси во износ од 400 евра за април и мај годинава.