1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Симулирани преговори за името меѓу Македонија и Грција

25 април 2010

Симулација на преговори за името меѓу Македонија и Грција, на која учествуваат интелектуалци и експерти од двете земји, новинари и политичари, се одржува денеска во Охрид.

https://p.dw.com/p/N5mA
Охрид домаќин на симулираните преговори за иметоФотографија: Petr Stojanovski

Според најавите на организаторот, А1 телевизија, експертите поддржани од меѓународната заедница ќе се обидат да симулираат како Македонија во целиот овој процес да излезе како победник. Организаторот смета дека на јавноста во ситуација кога и двете страни практично ги филуваат информациите за да се претстави дека навистина се преговара, ќе се обиде преку овој проект да покаже дека вклучувањето на јавноста може да придонесе за решавање на спорот, што е кочница за македонскиот прием во НАТО и почеток на преговорите со Европската унија.

Во Охрид учествуваат од Меѓународната кризна група Бренда Пирсон, Реј Пауер од Британската стопанска Комора, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, поранешниот министер за надворешни работи и професор по меѓународно право Љубомир Фрчкоски, Филос Стангос, новинар од Грција, Младен Чадиковски од А1 телевизија, Атанас Кировски главен и одговорен уредник на магазинот Форум, Беким Кадриу и други.

Автор: ТТ/АТ/макфакс

Редактор: Трајче Тосев