„Сидр“ однесе 2000 жртви
18 ноември 2007Реклама
Тропската бура „Сидр“ во Бангладеш однесе повеќе од 2 илјади човечки животи. Хуманитарни организации и властите на земјата страхуваат дека бројот на жртви ќе расте. Спасувачки екипи се’ уште ни немаат пристап до многу делови на земјата зафатени од бурата. Без покрив над главата останаа повеќе стотици илјади луѓе. Германското министерство за надворешни работи во меѓувреме ја зголеми помошта за настраданите на 500 илјади евра.