Сигурен настап
7 јуни 2007Избраниците на селекторот Јоахим Лев со вчерашните 2:1 против словаците се зацврстија на лидерската позиција во групата Д, каде сега имаат 19 освоени бодови, или пет повеќе од второпласираната репрезентација на Чешка. Германија поведе во 10 минута со автоголот на Јан Дурица. Десет минути подоцна на идентичен начин израмнија Словаците, автоголот за Германија го постигна Кристоф Метцелдер. Томас Хицелсбергер во 43 минута го постигна вопдечкиот гол за домаќинот, што беше и конечен резултат на средбата. Германците се задоволни од натпреварот
„Човек мора да забележи дека беше малку тешко. Не ни успеваше баш најдобро од средината да ги пронајдеме страничните играчи, Мислам дека Германија мораше да победи и тоа е најважно„
Изјави Торстен Фрингс:
„Сакав да одиграм добар натпревар и мислам дека е многу важно што репрезентацијата победи и успешно заминуваме на одмор„ рече напаѓачот Мирослав Клозе
Во останатите синоќешни дуели немаше поголеми изненадувања. Англија на гости ја совлада Естонија со 3:0, Хрватска и Русија одиграа без голови, Грција дури во судиското продолжение обезбеди триумф против аутсајдерот Молдавија, Шведска го прегази Исланд со 5:0.