1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СЗО: До март – половина Европејци ќе се заразат со Омикрон

ЖА / агенции
11 јануари 2022

Според проценките на СЗО, можно е веќе за два месеци половина од луѓето во европскиот простор да бидат заразени со Омикрон.

https://p.dw.com/p/45Nlk
Großbritannien London | Eurostarterminal Abreise
Фотографија: Joshua Bratt/PA Wire/picture alliance

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, на онлајн прес конференција денеска изјави дека е веројатно до март половината од европските жители да бидат инфицирани со варијантата на коронавирус Омикрон. Тој ја образложи претпоставката со тоа што Омикрон, поради бројните мутации, побрзо ги напаѓа човечките клетки, а тоа се однесува и на вакцинираните и на прележаните.

„При овој ритам, Институтот за здравственa метрика и евалуација предвидува во идните шест до осум недели повеќе од 50 проценти од населението во европскиот регион да се инфицира со Омикрон“, изјави Клуге, укажувајќи меѓу другото и на мислењето од научниот институт од универзитетот во Вашингтон.

Регионалниот директор на СЗО има три централни барања до европските држави:

Земјите кои уште не се силно погодени од Омикрон, да ги зголемат заштитните мерки: маски, векцинирање и бустер вакцини се неопходни, а луѓето мора да ги имаат предвид и сериозно да ги сфаќаат карантинските мерки.

Земјите кои веќе имаат голем број на случаи на Омикрон, треба да обрнат посебно внимание на ризичните групи, тие треба да имаат првенство при бустер вакцинирањето и следењето на контактите на инфицираните. Заради растоварување на здравствените системи, треба да се избегнува непотребно упатување на луѓе во клиники.

Посебно важни од аспект на Клуге се училиштата: „Училиштата треба да бидат последни места кои би биле затворени, а први кои повторно би биле отворени“, смета Клуге, образложувајќи го ставот и со менталното здравје на учениците. Ризикот од инфицирање во школите треба да биде намален преку носење маски на часови и тестирање.

Од пресудна важност е солидарноста, вклучувајќи ја и распределбата на вакцините. Луѓето сега имаат средства против пандемијата, но тие треба и да се користат, рече Клуге и апелираше на вакцинирање против корнавирусот, а локдаунот и задолжителната вакцинација ги смета како крајно средство.

Експертката на СЗО Кетрин Смолвуд, на прес конференцијата истакна дека уште не е јасно кога актуелниот бран на Омикронќе го има својот пик. Но,тоа е условено од мерките кои ги преземаат државите и поединците. Иако Омикрон се карактеризира со многу поблаги симптоми и полесен тек на болеста отколку Делта сојот, тоа се однесува првенствено на земјите со високи стапки на вакцинирани. Во Европа меѓутоа има и земји со низок процент на вакцинирано население, притоа не може да се очекува Омикрон и таму да води до лесен тек на заболувањето.

Одделот на Светската здравствена организација за Европа е надлежен за 53 држави и области не само во Европа, туку и во централна Азија. Варијантата Омикрон моментно во Европа се шири со голема брзина, во многу земји веќе е доминантна варијанта на коронавирусот кај новите инфекции.