1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се чека на одлука за сопственикот на ТЕЦ Неготино

1 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BOmI

Македонската влада денеска треба да соопшти кој ќе биде сопственик на ТЕЦ Неготино. Кабинетот на премиерот Никола Груевски до рано изутрината ги разгледуваше понудите на двете компании, грчко -американската Сенкап и конзорциумот Хач и Мекдоналдс. Сенкап за неготинската термоелектрана понуди 68 милиони евра и изградба на централа со моќност од 600 мегавати, а канадско-американскиот конзорциум Хач понуди 61,7 милиони евра и изградба на централа која би работела на јаглен, мазут или на гас. На интернет страницата на конзорциумот стои дека нивната понуда победила на тендерот.