1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се разгорува дебата околу можното учество на Бундесверот во Либан

14 август 2006

По усвојувањето на резолуцијата на Советот за баебедност на ОН за Либан, со која е предвидено и стационирање меѓународни трупи на југот на таа замја, повторно се интензивира дебатата во Германија околу можното учество на војници на Бундесверот во тие сили. Притоа, ставовите се контрадикторни, дури и внатре во поединечните партии.

https://p.dw.com/p/AdyZ
Војници на Бундесверот во мисија во странство
Војници на Бундесверот во мисија во странствоФотографија: AP

Од германската влада засега нема никакви реакции и очигледно прво ќе биде сочекано решението за тоа каков мандат ќе добијат тие меѓународни трупи. Меѓу политичарите кои не исклучуваат учество на Бундесверот, тоа секогаш се поврзува и со одредени услови, кои најчесто све сведуваат на она што го формулира претседателот на СПД Курт Бек – дека германските војници не смеат да дојдат во директна конфронтација со израелски војници: „Можам да си замислам дека ангажманот би можел да биде помош во поглед на обезбедување на морската страна, како и дека може да го поддржиме со помош од сојузната полиција за мерки на границата кон Сирија“.

Покрај ова, во предлозите од различни страни се спомнува уште и логистичка поддршка. Поранешниот министер за одбрана, сегашен шеф на фракцијата на социјалдемократите Петер Штрук смета дека Бундесверот има капацитет за уште еден ангажман во странство. Спротивен став има Рајнхолд Робе, повереник на парламентот за оружените сили, кој смета дека со речиси 8 илјади војници сега ангажирани во странство Бундесверот е на границите на можностите. „Војниците гледаат тесни грла во одредени области – кај санитетската служба, специјалистите за врски, инженерците и така натаму, кои нема да бидат надминати оти очигледно ни вом иднина нема да стојат на располагање повеќе пари. Поради тоа тие на целата дебата гледаат со најголема претпазливост и најголеми задршки“.

Во ЦДУ има има про- и контра мислења.

За многумина политичари не е решавачко прашање дали Бундесверот материјално и кадросвки може да го реализира тоа. Тие начелно отфрлаат учество на германски војници во мисија на Блискиот исток, и тоа пред се’ со поглед кон историјата: „Мислам дека тоа ние не мораме, не би требало да го правиме.Германија не мора да учествува во секој ангажман на ОН. Апелирам до канцеларот неодложно да ја пресече дискусијава. Секоја германска повоена влада беше против тоа, германски војници да дојдат на Блискиот исток и сметам дека треба да се остане на тоа“ – вели партискиот шеф на либералите Гидо Вестервеле.

Скептичен е и баварскиот покраински премиер и шеф на ЦСУ Едмунд Штојбер: „Од историски причини ние на Израелците мораме поинаку да им помогнеме отколку сега со војска. Ние секако би можеле да обучуваме сили за безбедност“.

Германски воен ангажман на Блискиот исток е незамислив за Грегор Гизи, претседател на фракцијата на Левичарската партија:„Ние можеме да помогнеме околу некоја мировна конференција на ОН, можеме да примиме бегалци, моижеме да организираме цивилна помош – значи, може многу нешто да се направи. За нас не доаѓаат предвид војници“.