1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се помал екипажот на бушовиот брод

14 август 2007

Околу година ипол пред претседателот Џорџ Буш да ја напушти Белата куќа, токму тој чекор го направи неговиот најважен политички советник Карл Роув.

https://p.dw.com/p/BUFA
Бушовиот „мозок„ Карл Роув ја напушти Белата куќа.Фотографија: AP

Многумина оценуваат дека тоа претставува изненадување, зашто во Вашингтон се сметаше дека ќе остане со Буш до крајот.

Роув, кој од републикнаците беше славен, подеднакво како што демократите го мразеа, се сметаше за архитект на двете изборни победи на Буш.

Неговата официјална функција гласеше „заменик шеф на штабот„ на претседателот, што повеќе ги намалуваше влијанието и моќта на Буш, отколку што ги разјаснуваше. Меѓутоа, од победата на демократите на изборите за конгресот во минатата есен, ветерот во американската внатрешна политика се заврте и веројатно во тоа Роув увиде дека сега е вистинскоот време да се прости од центарот на моќта. Со Роув Белата куќа ја напушти последниот близок соработник на Џорџ Буш:

„Денеска ја соопштив мојата оставка како заменик шеф на штабот и советник што ќе стапи на сила кон крајот на месецов„, изјави вчера најблискиот политички советник на Буш, непосредно откако ваквиот чекор го најави весникот „Вол стрит џорнал„. Го нарекуваа главен стартег, мозок на Белата куќа за да се истакне неговото значење за успехот на Буш. Кој друг знае тоа најдобро да го оцени ако не самиот претседател кој на заедничката прес-конференција со Роув, изјави:

„Долго време сме и ќе останеме пријатели. Карл Роув за мене е многу близок пријател„.

56-годишниот Роув во Вашингтон важи за политички гениј. Неговата оставка е вистина големата вест од Вашингтон, вели политичкиот експерт Џим Вандехи. Само оставка на потпретседателот Чејни или на претседателот Буш би имала поголемо значење:

„Во Вашингтон ова вистина е огромна вест. Роув е еден од најмоќните луѓе што сме го виделе во Белата куќа„.

Карл Роув е човекот кој се погрижи за изборите на Џорџ Буш, најнапред за гувернер на Тексас, а потоа за претседател. „Тој го измисли Буш„ велат многумина. Роув кој студираше, но никогаш не ги заврши студиите, 14 години е на страната на Буш чија победа на претседателските избори во голем дел оди на негова сметка. Постојат голем број стории за неговите брутални и бескрупулозни постапки против политичките противници. Во знак на одмазда врз дипломатот Џозеф Вилсон кој ја оспори аргументацијата на Буш во ирачката војна, Роув ја разоткри вилсоновата сопруга Валери Плејм како агент на ЦИА. Роув ова до денес го оспорува:

„Ниту го знам нејзиното име, ниту ме интересирало„.

Роув се поврзуваше со овој и со низа други скандали во Белата куќа. Но, во последните месеци неговата ѕвезда полека тонеше. Беше соодговорен за голем број неуспеси: неуспехот на републиканците на изборите за конгресот, неуспехот на новиот закон за доселување и на социјалната реформа. За оставката за весникот „Вол стрит џорнал„ Роув суво изјави: „Мислам дека е време„.