1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеќавање на Холокаустот

16 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDG

Израел денеска традиционално им оддаде почит на милионите Евреи, кои беа убиени од страна на нацистите во концентрационите логори за време на Втората Светска Војна. Во целата земја претпладнето одекнаа сирени а луѓето запираа на улиците. Централна тема во израелските медиуми оваа година е проблемот на преживеаните од Холокаустот, кои денес живеат во сиромаштија. Според информациите на нивниот Централен Сојуз, една четвртина од 250 илјади преживеани од Холокаустот живеат под границата на сиромаштијата.