Сеќавање на Аушвиц
27 јануари 2005Дури во 90-тите години Анита повторно ја обиколила Германија. Оттогаш ја повикуваат често за да одржи предавање или да прочита нешто од нејзината книга во различни делови на Германија. Брендајн Ошеј се сретна со Анита неодамна.
Како изгледал ужасот на холокаустот? Анита одговара:
”Нема зборови со кои трагедијата може да се опише. Тие филмови се секако искрени и имаат добра намера кога сакаат да го приближат сето она што тогаш се случувало, за луѓето да можат сето тоа да го сфатат. Но, генерално гледано, објаснување не е можно. Тоа што тогаш таму се случуваше е нешто што навистина не може да се опише. ”
Кога решила да прекине со молчење? Анита вели:
”Никогаш не донесов одлука за ништо. 50 години им беа потребни не само на луѓето, туку и на луѓето кои се осмелија да прашаат. По т.н. ослободување, 50 години подоцна, луѓето почнаа да поставуваат прашања и тоа беше навистина изненадувачки. Тие буквално ме следеа од студио до студио за да им раскажам нешто за холокаустот. За што всушност се работи, си помислив. Се разбира дека имаше причини да се поставуваат прашања, но прво сите беа вознемирени зашто речиси никој никогаш не прашуваше ништо., Во меѓувреме сфатив зоштоп е тоа така. Што би можеле да прашате? И да ме прашаше некој нешто, ќе морав прво да прашам – имате ли цела седмица, зашто само во тој случај можам да ви опишам што се случуваше во тој логор. ”