1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеуште не е познат мотивот за масакрот во Вирџинија Тек

17 април 2007
https://p.dw.com/p/AgD4

По крвавиот масакр во кампусот на универзитетот Вирџинија Тек во САД во кој загинаа 33 лица , полицијата сеуште трага по мотивот на извршителот. Инаку според досегашните информации од очевидци , вчерашниот масакр го извршил млад човек најверојатно со азиско потекло , по што извршил самоубиство . Тој отворил оган од огнено оружје во две згради во кампусот на универзитетот убивајќи притоа професори и студенти. Има и голем број повредени лица од кои повеќето се наоѓаат во животна опасност. Студентите инаку жестоко го критикуваа раководството на универзитетот затоа што ненавремено ги известило за првичните пукотници кои се случиле два часа пред вторите кои биле далеку посмртоносни . Американскиот претседател Џорџ Буп изрази сочуство до семејствата на жртвите од вчерашниот масакр.