1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеуште бранувања околу компромисот

Александар Чомовски1 јуни 2007

Политичкиот компромис меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ сеуште предизвикува остри полемики меѓу власта и опозицијата во Македонија.Лидерот на ДУИ Али АХмети за ТВ АЛ сат изјави дека за изборот на идната влада според Бадентер ќе се водат политички разговори во Парламентот

https://p.dw.com/p/AnxV
Ахмети-во иднина разговори во Парламентот
Ахмети-во иднина разговори во ПарламентотФотографија: Petar Stojanovski

Завршува вербалниот судир колку има политички тајни во договорот меѓу премиерот Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.Враќањето на ДУИ во Парламентот за миг падна во сенка, иако тоа е најразумното решение,тврдат експерти во „Утрински весник“.

Пакетот од 46 закони што треба да се набројат во парламентараниот деловник и кои ќе се гласаат со двојното мнозинство,со согласност од најмалку 50 проценти од албанските пратеници,ќе покаже дали има ревизија на Охридскиот рамковен договор.Во интервју за ТВ Ал сат челникот на ДУИ изрази задоволство од политичкиот компромис власт-опозиција:

„За изборот на новата влада според Баденетер ќе се водат политички разговори во Парламентот.“

Преговорите Груевски –Ахмети надвор од Парламентот значат поддршка на барањата владата да се избира според Бадентер,цитиран е аналитичарот Доне Талески за денешен „Дневник“.Меѓупартиските разговори меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат најверојатно идната недела.На дневен ред се законските можни решенија за социјалните права на жртвите од конфликтот и дали тоа ќе биде само за Албанците,екс припадници на ОНА.

Минатонеделната криза околу полициската акција во село Танушевци беше тема на жестоката собраниска седница во нејзиниот попладневен дел.СДСМ ја бара снимката од интервенцијата на специјалците,со многу недоверба дека е тоа наместена и мистериозна акција.

„Зошто,каде беа камерите,дали е точно дека по пукањето полицијата го пуштила единствениот осомничен кој успеала да го фати,да прашам уште еднаш,против кого се покренати кривични пријави и дали има такви против луѓето кои пукале по полицијата?“,изјави Јани Макрадули од СДСМ.

„Полицијата има законски рамки според кои може да задржи лица на распит.Ние не ги пречекоруваме законските овластувања,можеби во некое друго време било поинаку“, одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Собранието,пред се спикерот,не му дозволи на пратеникот Мендух Тачи од ДПА,да одговори што се случувало во село Танушевци,по што почна и меѓукоалициската недоверба,која минатата недела се закани да прерасне и во раскинување на коалицијата ВМРО ДПМНЕ-ДПА.