1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Серија напади во Алжир

Марк Дуге10 јуни 2008

Нападите им се припишуваат на радикални исламисти. Во најновиот загинаа француски инженер и негов возач. Франција говори за варварско насилство во поранешната колонија, но нема предупредување до граѓаните да не патуваат.

https://p.dw.com/p/EGhP
Автомобилот кој беше цел на последниот напад во АлжирФотографија: AP

Алжир не се смирува. Ситуацијата е особено тензична во регионот источно од Алжир, во близина на ридот Кабилеи. Регионот важи како место каде се кријат радикалните исламисти. Тие се одговорни и за нападот од неделата, што се случи во близина на железничката станица на градот Бени Амране. Притоа, во експлозија на бомба, е убиен еден француски инженер и неговиот возач. Експлозивот бил инсталиран во близина на улицата и бил најверојатно активиран со далечински управувач. Во моментот кога силите за безбедност се приближиле за да им помогнат на настраданите, експлодирала втора бомба. Агенциите пренесуваат дека притоа загинале уште најмалку 11 лица, додека медиумите во Алжир тоа го негираат и тврдат дека има само повеќемина повредени. Медиумите се, сепак, единствени во ставот дека нападот веројатно го извршила терористичката организација „Ал Каеда во исламски Магреб“, и дека тој бил насочен специјално кон странци.

Саркози: „Ова е варварско насилство“

57 годишниот Французин, кој загина во нападот, бил инженер кој работел на обнова на железнички тунел. Бил вработен во францускиот концерн Разел, кој, инаку, еднаш веќе беше цел на напад и тоа во септември минатата година, кога од експлозија на бомба беа повредени деветмина вработени.

Nicolas Sarkozy
Никола Саркози со остра осуда на насилствотоФотографија: AP

Францускиот претседател, Никола Саркози, ги осуди нападите и ги нарече „варварско насилство“. Францускиот министер за надворешни работи, Бернар Кушнер, го нарече Алжир опасна земја и предупреди дека треба да се биде внимаелен, но не изрече предупредување да не се патува во таа земја. Алжирскиот претседател, Битефлика, му дал уверување дека инцидентите ќе се истражат и извршителите ќе одговараат за делата. Експертите шпекулираат дека најновиот атентат е можеби поврзан со меѓународниот саем на трговија, кој беше отворен во Алжир минатиот викенд. Таму се претставуваат околу 200 француски излагачи. Париз одржува тесни трговски врски со поранешната колонија, Алжир, која располага и со големи резерви нафта.