Серена Вилијамс најдобра во 2013-та
26 декември 2013Реклама
Претходно Серена Вилијамс беше избрана за најдобра светска спортистка и во 2002. и во 2009. година. Вилијамс сезоната ја заврши на првото место на ВТА листата, со убедлива предност над конкурентките. Таа има 13.360 бодови, а второпласираната Викторија Азаренка има речиси 5.000 поени помалку.
Серена, во 2013. година одигра 82 меча и забележа 78 победи, освои 11 титули, меѓу кои две грен слем (Ролан Гарос, УС Опен). Американката заработи рекордни 12.385.572 долари, со што ја имаше една од најдобрите сезони во историјата на женскиот тенис.
Интересно за оваа спортистка е што таа никогаш не е задоволна со своите постигнувања, без оглед на тоа колку натпревари или турнири освоила.