1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Село без машко дете речиси една деценија

СН/агенции
19 август 2019

Светските медиуми деновиве се сјатија во Мјесче Одржанские во полињата на југозападна Полска недалеку од чешката граница за да го истражат феноменот, кој го мачи селото речиси 10 години.

https://p.dw.com/p/3O7Yp
Baby Geschlecht | Schuhen
Фотографија: picture-alliance/BSIP

За време на последниот натпревар за млади пожарникари, некој за прв пат забележа нешто необично во врска со малото полско село Мјесче Одржанские. Секое од униформираните деца што ги покажуваа своите вештини беше девојче.

Погледнете како изгледаше тоа: 

Исклучиво женска противпожарна бригада

Причината е колку едноставна толку и изненадувачка. Ниту едно машко дете не се родило во селото речиси една деценија, додека во истиот период во местото со неполни 300 жители се родиле 12 девојчиња.

Недостатокот на момчиња е толку загрижувачки што градоначалникот понуди парична награда за првото семејство што на свет ќе донесе син. Колкава е наградата, не можеа да откријат ниту бројните светски медиуми кои се сјатија во Мјесче Одржанские за да ја истражат мистеријата со недостатокот на машки деца