1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Германија може да смета на мене!“

Алина Кинел
10 април 2020

Добри вести за земјоделците и љубителите на аспарагуси: првите специјални авиони полни со сезонски работници од Романија пристигнаа во Германија. Во сезона на аспарагуси, дури и во време на корона, доаѓаат 80.000 сезонци

https://p.dw.com/p/3akc0
Deutschland Spargel Spargelernte
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Becker

Јон Т. не е сигурен што би требало да направи. Повикот од Германија стигнал набрзо откако романската влада издала посебна дозвола за сезонските работници, кои без оглед на корона-кризата смеат да одат во странство и да помогнат во тамошната жетва.

„Тоа не беше убаво искуство“

Јон Т. минатата година бил првпат во Германија, во близината на Минстер. Тука работел на земјоделски имот, помагал при вадење аспарагуси. По речиси три месеци напорна работа по десет часа дневно, без пауза, се вратил во Романија со помалку од 1850 евра. Од платата која ја добил му биле одземени повеќе од 1000 евра за трошоци за соба и храна.

Lohnabrechnung Saisonarbeiter aus Rumänien
Одбитоци од плата на сезонски работник од Романија Фотографија: Privat

„Тоа не беше убаво искуство“, раскажува Јон за ДВ. Тој не бил сам. На земјоделскиот имот имало речиси 120 работници, главно од Романија и неколкумина Бугари, кои собирале аспарагуси. Малку кој знаел германски и сите се потпирале на помошта на еден посредник. И, токму тој посредник сега повторно го кани да работи, нудејќи му подобри услови. „Не’ бараат итно, дури ќе го платат и летот“, му ветил тој.

Недостигаат 300.000 работници

Во Германија недостигаат сезонски работници, земјоделците зборуваат за околу 300.000 луѓе кои им се потребни за работа на нивите. Но, за да се сузбие ширењето на коронавирусот, германската влада забрани доаѓање на работници од други земји. Земјоделците се надеваа дека ќе пронајдат доволно луѓе од Германија за работа Владата покрена онлајн-платформа каде луѓето се молеа да се пријават за работа на полињата, се’ беше организирано брзо и едноставно.

И навистина, според зборовите на германската министерка за земјоделство Јулија Клекнер, набрзо се пријавиле 16.000 луѓе. Но, без искуство во собирање аспрагуси, тие не биле вистинска помош.

Посебни дозволи за посебни летови

Владата реагираше: на почетокот на април стигна веста која ги израдува земјоделците. За да се спречи пропаѓање на плодовите кои нема кој да ги собира, германските власти одобрија во април и мај да стигнат по 80.000 сезонски работници од источна Европа.

Coronavirus Fellbach Friseur Tore Drapalla pflanzt Spargel
Германските земјоделци се загрижени поради недостигот од сезонски работници од источна Европа во корона-кризатаФотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow

Тоа беше исправна одлука, вели Јоахим Руквид, претседател на Германското здружение на земјоделци. Сега е важно тоа да се реализира. „Ние стриктно ќе се држиме до упатствата на институтот ’Роберт Кох’ за да го намалиме колку што е можно повеќе ризикот од ширење на заразата.“

Повеќе: 

Корона: Од каде сега да се најдат помошници за жетвата?

Фотографија на денот: Работа на поле во тешки времиња

Германија ќе се брани од Ковид-19 со пакет од 1,100 милијарди евра

Фотографија на денот: Самокрунисување во време на коронавирус

Карантин и работа на нива

По пристигнувањето во Германија, работниците се соочуваат со строги мерки: првите две недели тие ќе бидат одвоени од другите работници и нема да смеат да го напуштат земјоделскиот имот. А собите во коишто се сместени смеат да бидат исполнети само со половина капацитет. Освен тоа, за време на изолацијата на имотот се забранети посети. Пропишано е и дека садовите и облеката мора да се мијат и перат на најмалку 60 степени. Германската влада тој модел го нарекува „фактички карантин со можност за работа“.

Lohnabrechnung Saisonarbeiter aus Rumänien
Пресметка од плата на сезонски работник од РоманијаФотографија: Privat

Во Романија, Јон Т. прибира документи и се пакува за заминување. Децата и сопругата се добро згрижени, на село може добро да се живее зашто имаат овошје и зеленчук од својата градина. Но, тој во татковината веќе не може да работи, зашто поради епидемијата на корона во Романија е воведена вонредна состојба и на сила се строги ограничувања. И неговата фирма му дала отказ, како што прават и многу други фирми.

Посредникот од Германија ветува дека се’ ќе биде уредно и добро платено. Постојат дури и онлајн-платформи (www.saisonarbeit-in-deutschland.de и agrarjobbörse.de), на која работниците сами може да изберат земјоделец кај кого што ќе работат. Но, потребно е да се знае германски. „Времињата се менуваат“, вели Јон Т. и му се јавува на посредникот. Веќе наредната недела Германците може да сметаат на него.