1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Седница со формални аспекти

17 февруари 2005

Аферата визи предизвика големо бранување во Германија, како во медиумите, така и во Бундестагот. Денеска заседаваше истражниот одбор кој треба да обезбеди повеќе светлина во оваа афера. И додека на оваа седница стануваше збор за формалната страна на доделувањето визи, најмногу се поставува прашањето кога пред истражниот одбор ќе се појави сојузниот министер за надворешни работи.

https://p.dw.com/p/AcHC
Се мисли кога да се појави пред истражниот одбор во вска со аферата со визите? Јошка Фишер
Се мисли кога да се појави пред истражниот одбор во вска со аферата со визите? Јошка ФишерФотографија: AP

Се се врти околу Јошка Фишер и околу прашањето колку знаел за злоупотребата на визите во германската амбасада во Киев. Денеска во Берлин заседаваше истражниот одбор на кој судијата на управниот суд на Северна Рајна Вестфалија Јоахим Тајпел на членовите на одборот им го објаснуваше комплескното право на доделување визи. Тоа е компликувана правна материја, но многу позначајно е прашањето кога ќе се појави сојузниот министер како главна личност во аферата. Тој самиот, како и неговиот поранешен државен секретар Лудгер Фолмер соопштија дека во секое време подготвени да дадат изјави. Либералите сакаат обајцата да ги сослушаат веднаш, а ЦДУ Фолмер веднаш, додека Фишер на 11 април. Обете барања ги одби мнозинството на црвено-зелените, што го налути пратеникот на либералите во одборот Хелмут Кенигхуас:

“Господата Фишер и Фолмер изјавија дека сааат да дадат изјави колку што е можно побргу, а овде црвено-зеленото мнозинство ја блокира работата со што не сме согласни“.

Играта околу прашањето кога ќе се појави Фишер пред одборот за да зборува и да одговара на прашањата е многу повеќе поврзано со претстојните избори, пред се со покраинските во Северна Рајна Вестфалија на 22 мај. Ако Фишер западне во проблеми во врска со аферата, за опозицијата би бил добар термин и непосредно пред изборите. СПД и зелените напротив имаат интерес работата да заврши побргу. Пратеникот на ЦДУ Екарт фон Кледен радо би почнал со Фолмер и би продолжил со Фишер:

“Господин Фолмер досега во јавноста беше посочуван како некој што ги поставил основите за политиката со визите и затоа ќе има смисла тој да биде првиот што ќе биде слушнат во одборот како сведок. Тоа и денеска не мина поради СПД и зелените“.

Фракциите на коалицијата досега не предложија термин за сослушувањето на Фишер, но сакаат сета работа да заврши до летната пауза. Како и да е, аферата со визите стана афера Фишер, а неговото јавно сослушување во одборот ќе биде зенит, кога и да се одржи.