Северна Кореја ќе кани странски експерти и новинари на лансирањето ракета
17 март 2012Севернокорејскиот комитет за вселенска технологија „ќе покани искусни странски експерти за вселенска наука и технологија, како и новинари“, за да го посетат местото од каде ќе се лансира ракетата, како и останати места од кои ќе може да се набљудува експлозијата, информираше севернокорејската државна новинска агенција.
Властите информираат и дека ги известиле меѓународните агенции за планот – следниот месец да се лансира ракета со сателит. Но, ракетата што се планира да се искористи за лансирање на сателитот е иста како ракетите со голем дострел.
САД, Јапонија и останати земји ја предупредија Северна Кореја дека лансирањето ќе претставува кршење на забраната за нуклеарни и ракетни тестирања. САД дури предупредија и дека тоа може да ја загрози програмата за храна.
Лансирањето треба да се случи помеѓу 12-ти и 16-ти април, за да се одбележи 100-годишнината од раѓањето на основачот на земјата Ким Ил Сунг.
Автор: Александар Методијев/афп/ап
Редактор: Симе Недевски