Северна Кореја се закани со безмилосен напад на Јужна Кореја
19 октомври 2012Во соопштението на севено-корејската армија се вели дека ако во понеделник се забележи и најмало движење во насока на расфрлање флаери против режимот на Северна Кореја, тогаш нејзината армија безмилосно ќе нападне без претходно предупредување.
Соопштението ги предупреди жителите во областа, каде активистите планираат да ги пуштат балоните, да се „евакуираат за да избегнат можна штета“. „Областа ќе стане цел на дирекна борба“, укажува армијата. Ова се смета за најостро предупредување што Северна Кореја го упатила до својот јужен сосед во последниве месеци. Специфичен е тонот, како и конкретната локација и времето за планираниот напад.
Палоните со флаери против Северна Кореја планираат да ги пуштат активисти кои не се поврзани со владата во Сеул.