СДСМ бара Влада од доверба
9 јануари 2013Според македонските медиуми партијата нема да бара формирање техничка влада, но еден од условите под кои СДСМ е подготвена да излезе на избори е за први луѓе на министерствата за внатрешни, финансии и министерството за правда, да се постават луѓе прифатливи за опозицијата и за власта. Исто така ќе се бара за директор на МРТВ да се постави лице кое ќе ја има довербата од сите и власта и опозицијата.
Лидерот Бранко Црвенковски наводно бара и доследна примена на препораките од ОБСЕ/ОДИХР во изборната регулатива, целосно прочистување на избирачкиот список, како и засилен меѓународен мониторинг.
Претходно, високи функционери на СДСМ, преку прес конференции и интервјуа за медиумите, изнесоа различни ставови околу можната разврска на политичката криза која настана по донесувањето на Буџетот за 2013. во тензична атмосфера.
Потпретседателот Гордан Георигев рече дека формирање на техничка влада би бил единствениот пат, преку кој СДСМ би се појавиле на локалните избори. За разлика од него, потпретседателот Зоран Заев, во интервју за „Утрински весник“ потенцираше дека имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР во изборанта регулатива би било доволно за СДСМ да излезе на соочување со граѓаните.