Светска банка предупредува од опасна фаза за глобалната економија
3 септември 2011„Финансиската криза во Европа е државна должничка криза, која има ппоследици за европската монетарна унија, банките и конкурентноста на поединечни држави“, изјави денеска првиот човек на Светска банка, Роберт Зелик, на конференција во Пекинг.
Осврнувајќи се на моменталната неповолна ситуација во поединечни земји од еврозоната (Грција, Португалија, Шпанија, Италија..) како и на растот на долговите во најголемата светска економија - САД, Зелик изрази стравување дека глобалната економија би можела оваа есен да западне во нова зона на опасност.
Според Зелик затоа е итно неопходно САД да се справат со своите должнички проблеми за повторно да ја зајакнат довербата на финансиските пазари во политиката.
Зелик апелираше до Кина, при растот на економијата помалку да полага на извозот и инвестициите во странство, а повеќе на внатрешната потрошувачка.
Автор:СН/ЖА/дв/ртр
Редактор: Жана Ацеска