1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светска банка не ја исклучува можноста за помош за Грција

AT/ афп/ ројтерс3 јули 2012

Новиот шеф на Светска банка Џим Јонг Ким најавува еветнуална промена на курсот на оваа институција и во игра внесува можност за поддршка и на развиентие земји. Џим Јонг Ким ја презема функцијата од Роберт Зелик.

https://p.dw.com/p/15QI7
Фотографија: picture-alliance/dpa

Новиот шеф на Светска банка Џим Јонг Ким предупреди од ризиците за светското стопанство, со оглед на европската должничка криза. Земјите на ЕУ итно мораат да ги преземат сите неопходни мерки да воспостават стабилност, изјави Ким во Вашингтон. Нивната трговија ќе влијае врз порастот на сите региони во светот.

USA Wirtschaft Washington DC Zentrale der Weltbank Gebäude Logo
Светската банка до сега се концентрираше на земјите во развојФотографија: ullstein bild - Fotoagentur imo

Новото раководство на Светска банка најавува и фундаментална промена на курсот и во игра ја внесува можноста за поддршка и за развиените земји, како Грција. Наспроти неговиот претхоник Роберт Зелик, новиот шеф на Светска банка Ким при преземањето на функцијата вчера изјави дека Светска банка би можела да пружи поддршка и за земјите со структурни проблеми. Зелик одбиваше ангажман за Грција и предупредуваше од ризиците за Светска банка. Ким меѓутоа изјави дека смета оти неговата главна задача во овие „одлучувачки часови“ за светската конјунктура е да се пружи поддршка и за развиените земји.

Досега оваа институција ги концентрираше своите ресурси и експетриза на земјите во развој. Главна цел на Светска банка останува поддршката за посиромашните земји.

Ким беше именуван за нов шеф на Светска банка кон средината на април, а на функцијата стапи на почетокот на месецов.