1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светска банка – Волфовиц

16 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag3o

Претседателот на Светската банка Пол Волфовиц уште еднаш ги отрфли обвинувањата против него. Во сослушувањето пред егзекутивниот совет на банката, Волфовиц ги негираше резултатите на истражаната комисија која му префрлува дека сопствените интереси ги ставил над оние на Светската банка. Во извештајот на комисијата се вели дека Волфовиц ги прекршил етичките правила зашто и помогнал на својата животна сопатничка да добие поголема плата. Директориумот на банката денеска ќе расправа за тоа дали Волфовиц ќе мора да си замине.