1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светската банка и ММФ предупредуваат од високите цени

14 април 2008

По пролетното заседание на ММФ и Светската банка двете органзации предупредија од експлозијата на цените на прехрамбените производи. Поради нив се заканува и дестабилизација на многу сиромашни земји

https://p.dw.com/p/DhFC
Пролетна сесија во ВашингтонФотографија: AP

Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд на крајот на нивното Пролетно заседание во Вашингтон се заложија за тоа, на покачувањето на цените на прехрамбените производи во целиот свет да се спротивстават со глобална прехрамбена политика.

Речиси со тон на извинување на Доминик Штраус Кан, новиот шеф на ММФ истакна „Можеби ќе бидете изненадени што токму директорот на ММФ е загрижен поради цените на прехрамбените прозиводи. Може да се мисли дека ова нема никава поврзаност со Монетарниот фонд, но јас ви велам има поврзаност со нас.“

Шефот на ММФ, на прес конференцијата по заседанието настапи заедно со претседателот на Светската банка Роберт Зелик според кого по зборовите треба да следат и дела, смета Зелик, имено ситуацијата е драматична.

Според Светската банка цените на оризот, пченицата, пченката и другите земјоделски производи во последните три години пораснаа повеќе од двојно. Оваа ситуација во некои земји во развој како на пример на Хаити предизвика крвави судири.

Една од причините за ваквиот тренд на покачување на цените на основните прехрамбени производи е зголемената побраувачка на биоенергенси. Шефот на Светската банка Зелик на вчерашната пресконфенреција истакна „Мора да ги вложиме сите напори за луѓето да добијат нешто за јадење.“ побара Зелик и истакна, дека додека едните се грижат како да го наполнат резервоарот со бензин, многу луѓе се борат како да го наполнат стомакот. Золик ги повика владите во светот до први мај да стават на располагање неопходни 500 милиони долари за програмата за исхрана на Обеднитените нации.

Моменталната ситуација треба да се смени со различни програми, и тоа треба да се делува брзо ветија шефовите на ММФ и Светската Банка.