1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот во Минхен зборува за Египет

5 февруари 2011

Состојбата во Египет и во останатиот арапски свет ги засенија сите други теми на традиционалната Минхенска безбедносна конференција. На денешниот втор ден повеќе светски лидери предупредија од избрзани избори во Египет.

https://p.dw.com/p/10BMn
Германската канцеларка Ангела Меркел за време на обраќањето на конференцијата во МинхенФотографија: dapd

„Во Египет ќе има промени“. Вакво уверување денеска во обраќањето на Минхенската конференција изрази германската канцеларка Ангела Меркел. Таа истакна дека политичката транзиција треба да биде направена мирно и уредно, ветувајќи притоа европска поддршка:

„Ние како Европска унија сакаме ново партнерство со Египет за да помогнеме да се оствари промената“, рече Меркел.

Клинтон говори за перфектна бура во арапскиот регион

Германската канцеларка, слично како и британскиот прермиер Дејвид Камерон и американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон, предупреди дека пребрзото одржување нови избори може да предизвика несакани последици. Меркел во Минхен уште истакна:

„Апсолутно е неопходно египетските власти да ја почитуваат слободата на изразување која ја сметаме за универзална, не само во Европа или Америка, туку и во други места во светот“, рече канцеларката.

Sicherheitskonferenz München / Guttenberg
Фотографија: dapd

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон, пак, побара како резултат од протестите во Египет да произлезе вистински демократски пресврт во регионот:

„Регионот е погоден од перфектна бура на моќни трендови. Големото мнозинство луѓе се на возраст под 30 години, кои не можат да најдат работа. Во истовреме, поради технологијата, тие се се’ подобро поврзани меѓусебе и со случувањата. И ова генерација со право бара од своите влади да бидат поефикасни, поодговорни и поотворени“, рече Клинтон.

Лавров без јасен зстав за состојбата во Египет

Претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој му вети на демократското движење во Египет секаква можна поддршка од страна на Европа. Тој во обраќањето на конференцијата истакна дека е тоа во исконски интерес на Европејците.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Минхен, од друга страна, одбегна да заземе јасен став во врска со Египет. Тој само истакна дека е јасно оти вака не може да се оди натаму. „Потребен е дијалог во кој ќе бидат вклучени сите влијателни групи“ рече Лавров.

На маргините 47-та Конференција за безбедност во Минхен денеска Клинтон и нејзиниот руски колега Лавров ги разменија документите за ратификација на новиот СТАРТ-договор за разоружување, со што тој и официјално стапи во сила, а освен тоа средба има Блискиоистиочниот квартет.

Автор:СН/ЕМФ/дпа/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска