1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СБ кон крајот на месецот ќе испрати посебна мисија во Косово

13 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEK

Советот за безбедност на ОН, одлучи кон крајот на месецот да испрати посебна мисија на Косово пред да биде донесена одлуката за конечниот статус, соопшти претседавачот, британскиот амбасадор Емир Џонс Пери. Мисијата ќе ја преводи амбасадорот на Белгија во ОН, Јохан Вербеке, а во делегацијата ќе бидат амбасадори или нивните заменици од сите 15 земји членки на Советот. Тие ќе го посетат Косово пред да започне разгледувањето на планот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, кој предви дува надгледувана независност за покраината.