1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сатиричен протест - „бебето Трамп“ лета над Лондон

ЖА / агенции
13 јули 2018

Демонстрантите во Лондон пуштија во воздух балон кој го прикажува Доналд Трамп како портокалово, налутено бебе. Лондонскиот градоначалник ја оправда протестната акција против посетата на Трамп на Велика Британија.

https://p.dw.com/p/31OQR
Großbritannien London Trump Baby Ballon
Фотографија: picture-alliance/ZUMA/London NEws Pictures/J. Goodman

Лондонскиот градоначалник Садик Кан застана во одбрана на одобрувањето на сатиричниот протест против посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија. Активисти денеска го вивнаа во воздух околу шест метри големиот балон во форма на бебето Трамп во пелени во центарот на Лондон. Критичарите оценуваат дека балонот претставува навреда за Трамп, барајќи прекин на акцијата. Кан се повикува на правото на изразување на мислење. Трамп пак претходно во интервју за весникот „Сан“ жестоко го нападна лондонскиот градоначалник, индиректно обвинувајќи го како одговорен за терористичките напади и криминалитетот во британската престолнина. 

Протести - бебето Трамп „лета“ над Лондон

повеќе: НАТО-самит во паралелениот универзум на Трамп

На протестите против посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Лондон денеска се очекуваат преку 100.000 луѓе, а уште стотици илјади и во други градови. За утре демонстрации најавија неговите поддржувачи, што ќе претставува голем предизвик за полицијата.

Балонот - бебето Трамп, најавуваат активистите, ќе го следи американскиот претседател и при неговото патување во Шкотска. Организаторите на протестот побарале дозвола балонот да биде поставен близу теренот за голф во сопственост на Трамп, каде тој ќе го помине викендот.