1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози стапува на должност

16 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag3s

Денеска Французите добиваат нов претседател. Заклетва ќе положи конзервативецот Николас Саркози кој победи во вториот круг на претседателските избори одржани на 6 мај. Се очекува тој во наредните денови да го престави својот нов кабинет, кој со 15 министри ќе биде за половината помал од досегашниот. Во текот на денов се очекува Саркози да допатува во Берлин на средба со канцеларката Ангела Меркел.