Саркози – партиско водство
15 мај 2007Реклама
Непосредно пред утрешното преземање на функцијата, новиот француски претседател Николас Саркози соопшти дека ќе го предаде водството на неговата конзервативна партија УМП. Тој изјави дека негова задача сега е да му сложи на општото добро. Од кругови на партијата се дознава дека уште в четврток ќе биде именуван новиот француски премиер. Еден од кандидатите е советникот на Саркози, Франсоа Фијон. Како можен кандидат за функцијата министер за надворешни работи се спомнува поранешниот социјалистички министре за здравство и основач на организацијата „Лекари без граници„, Бернар Кушнер.