1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози и Камерон во посета на Либија

15 септември 2011

Првпат по соборувањето од власт на либискиот диктатор Момаер ел Гадафи, во Либија пристигнуваат западни државници-францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон.

https://p.dw.com/p/12ZQt
Фотографија: dapd

Претставници на Преодниот национален совет во Либија најавија дека денеска во посета на земјата ќе пристигнат францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон.

Француските медиуми јавуваат дека Саркози планира посета на бунтовничкото упориште Бенгази.

Во Либија претходно отпатуваа 160 француски полицајци кои ќе бидат во мисија за заштита на Триполи, јавија француски медиуми. Полициски извори појаснија дека мисијата на полицијата е поврзана со посетата на претседателот. Полицајците ќе се вратат во Франција в петок. Мисијата вклучува проверка и деминирање хотел, болница и трето место во Триполи низ кое евентуално ќе помине Саркози.

Инаку, во Триполи денеска треба да допатува и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на Преодниот совет, Мустафа Абдел Џалил, побара од Западот доставување оружје за освојување на деловите од земјата кои се‘ уште се контролирани од силите на Моамер Гадафи. 

Автор: ЖА/ БГ/ дв/ миа

Редактор: Александра Трајковска