Саркози во прва официјална посета на Кина
25 ноември 2007Рама Јаде е државен секретар за човекови права. Француските весници деновиве пишуваше дека Саркози за време на посетата на Кина ќе го придружува министерката за правда и дека Јаде морала да остане во Париз. Во дипломатските кругови заради тоа се верува дека Саркози свесно би можел да ја стави во втор план темата за почитување на човековите права, за од друга страна да добие поени кога станува збор за економијата.
Оттука посетата на Саркози на Кина се следи со големо внимание вели Еберхард Саншнајдер експерт за Кина од германското друштво за надворешна политика:
„Кинеската влада веќе сега наведува дека Франција е најважен патнер на Кина на западот. Тоа значи дека Франција и покрај заедничката стратегија кон Кина би можела да ги собере плодовите кои Германија ги прокоцка„
Саркози уште за време на предизборната кампања најавуваше дека ќе има тврд став кон Кина, пред се по прашањето за заштита на човековите права. Но се чини дека наместо човековите права Саркози во Пекинг ќе зборува за други теми, како кинеската валута Ренминби која од гледиште на повеќе западни земји е потценета. Може да стане збор и за нуклераната програма на Иран. Се очекува и продажба на два француски амтимски реактора во вредност од 6 милијарди евра. Исто така и под соодветни услови договор за европскиот авио производител Ербас. За време на посетата на поранешниот француски претседател Жак Ширак на Кина во октомври минатата година, беше направен договор за купување на 150 авиони од типот Ербас.