1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сараевско "Ослобоѓење": СФОР не помогна

27 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AcPb

Трагедијата што во авионската несреќа ги однесе животите на деветмина луѓе - на претседателот на Македонија Борис Трајковски, шест членови на делегацијата и двајца пилоти, беше повод за коментар на сараевскиот весник "Ослобоѓење" во кој може да се прочита: Известувањето за несреќата и потргата по исчезнатите беа следени од конфузија и недоразбирања меѓу три нивоа на домашните власти, но и со силите на СФОР. Македонскиот претседател и неговите осум сопатници вчера претпладне беа поргласени за мртви, без да се лоцира местото на несреќата, а камоли да биде извршена идентификација на загинатите. Авионот исчезна во близина на мостарскиот аеродром кој нема соодветни инструменти за наведување. Радарот во сопственост на СФОР е демонтиран зашто меѓународните мировни сили треба да се повлечат кон крајот на март од аеродрмот кој се уште е под нивна контрола. Веста за несреќата, пишува натаму "Ослобоѓење", ја соопштија локалните полициски органи, а текот на истрагата е следен со конфузија меѓу кантоналните, федералните и државните власти, а во потрагата учествуваа и полицајци на Република Српска и цивили. Најсериозно беше недоразбирањето на домашните власти и СФОР кој вчера не дозволи полетување на хеликоптерите на федералната војска и полиција се до доцните попладневни часови. СФОР не направи скоро ништо, а ја попречуваше потрагата. Целата ситуација ја компликуваше фактот дека подрачјето е минирано. Заедничка група експерти од Македонија и Босна и Херцеговина треба да ги утврди фактите за трагедијата. Сега може само да се претпоставува дали причина беше дефект, грешка на пилотот, проблеми со наведувањето или нешто четврто, пишува меѓу другото сараевско "Ослобоѓење".