Самит ЈИЕ – Дубровник
6 јули 2007Реклама
Денеска во Дубровник почнува самит посветен на иднината на Југоисточна Европа и ширењето на НАТО во регионот. На дводневниот самит под наслов „Нов југ на Европа„ ќе доминираат прашања поврзани со безбедноста и стабилноста во ЈИЕ. Најавено е учество на претседатели да држави и влади од осум земји во регтионот, меѓу кои и на македонскиот премиер Никола Груевски. На средбата ќе присуствуваат и генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер и генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис.