1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на хармонија во Москва

Херман Краузе27 март 2007

Кинескиот претседател, Ху Џинтао и рускиот претседател Владимир Путин имаат заеднички ставови по прашањето на Иран. Тие од Техеран бараат да го промени ставот во атомскиот спор. Меѓународните теми, всушност и не се стожерот на посетата на Ху на Москва, туку се тоа парите, односно стопанската соработка.

https://p.dw.com/p/AdsJ
Два “џина“ - Ху Џинтао и Владимир Путин
Два “џина“ - Ху Џинтао и Владимир ПутинФотографија: AP

Расположението е одлично уште на почетокот на тридневниот самит. Се чини Владимир Путин во Ху Џинтао го пронајде својот нов пријател. Потпишана е руско-кинеска декларација, во која Иран е повикан да го промени ставот во атомскиот спор. Техеран би морал да направи се што е неопходно за да ги исполни барањата на ОН, за спорот да се реши на мирен начин, се вели во декларацијата. Двајцата шефови на држави беа единствени во отфрлањето на монополарен светски поредок под раководна палка на САД. Путин нагласи дека соработката меѓу двете земји мора да се продлабочи во сите сфери. Ху дури говореше и за стратешко партнерство кое има уште многу потенцијал да се развива.

Кина за Русија е најважниот партнер во секторот на вооружувањето и бара поголема испорака на енергија. Досега, гладната за нафта и гас, Кина, од Русија енергија добиваше главно преку железнички транспорт, и затоа сега Пекинг врши притисок за побрза изградба на нафтовод од сибирските нафтени полиња до Кина. Но, таму има проблеми, а тоа го покажа и првата неуспешна посета на еден кинески државен концерн за нафта пред самитот на двете земји. Кинезите дури би биле подготвени и самите да го финансираат најголемиот дел од изградбата на нафтоводот, но тогаш би имале повеќе права, што на Русите не им се допаѓа. Решението, сепак, и овде, како и по речиси сите економски прашања, е на повидок.

Ху Џинтао во својот куфер има економски договори тешки две милијарди долари. Кинезите моќно притискаат врз рускиот пазар. Трговскиот волумен од сега 35 милиајрди доалри, за три години би можел двојно да се зголеми, изјави шефот на кинеската држава кој има голем интерес и за политичка соработка со Русија.

Мали разлики во ставовите наводно има во сферата на испорака на оружје. Според еден новински извештај, кинеската армија се жали на тоа дека не може да се потпре врз руското оружје и бара самата да произведува оружје. Тоа од руска страна се одбива. Русија и Кина му лиферуваат оружје на Иран. Нејасно е дали таа испорака со најновата резолуција на Советот за безбедност на ОН ќе биде спречена или ограничена. Според набљудувачите во Москва, тоа нема да се случи.