1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на солидарноста

E.Saoub28 март 2007

Денеска во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад започнува дводневниот самит на Арапската лига. Во фокусот на самитот е обидот повторно да заживее мировниот процес на Блискиот исток.

https://p.dw.com/p/AdsH
Однадвор мазно, а внатре? Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад
Однадвор мазно, а внатре? Главниот град на Саудиска Арабија, РијадФотографија: www.eid.gov.sa

Средбата носи симболично име „Самит на солидарноста„. Министрите за надворешни работи на земјите членки на Арапската лига во изминатите денови подготвија рзолуција што треба да биде јавно усвоена на крајот, значи во текот на утрешниот ден. Кризите во регионот се многубројни, па затоа и дневниот ред е долг. Генералниот секретар на лигата Амр Муса:

„Палестинскиот проблем и арапско-израелскиот конфликт се во фокусот на сите напори за мир и стабилност во регионот. И покрај комплексната ирачка криза и нејзините сегашни и идни влијанија врз регионот, вкупната атмосфера зависи од палестинскиот проблем. Вистинската промена на Блискиот исток постојано ќе зависи од тоа како ќе се разавива палестинскиот проблем„.

Централна тема на самитот е саудискиот план од 2002-та што во Ријад повторно треба да биде усвоен. Според принципот територија за мир, на Израелците им се нудат нормални односи во замена за палестинска држава. Израел побара измени во планот, но нив нема да ги има, изјави саудискиот министер за надворешни работи Сауд Ал фејсал пред почетокот на самитот. Но, сепак, најави можно придвижување:

„Во разговорите во подготовките на дневниот ред, предвидовме можност за нов развој, вклучувајќи можни измени, дополнувања и подобрувања„.

На дневен ред се и кризите во Ирак, Сомалија и Дарфур, и секако затегнатата ситуација во Либан. Колкава е поделеноста во оваа земја покажува и фактот дека на самитот учествуваат две делегации: претседателот Емил Лахуд и премиерот Фуад Синиора патуваат одвоено со соптвена придружба.

Присуството на самитот го потврди и сирискиот претседател Башар ел Асад чии односи со другите шефови на држави од либанската војна беа затегнати. Неговата изјава по израелскиот напад врз Либан дека арапските државници се „половина мажи„, предизвика голема лутина. Но, кон средината на месецов сирискиот потпретседател Фарук ал Шара изјави дека Башар со тое не мислел на колегите, туку на одделни слаби арапски влади. На арапските режими им е до тоа да ја оддалечат Сирија од Иран и да ја вратат во своите редови.