1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самарас го доби мандатот, ќе бара партнери

БГ/миа/дпа7 мај 2012

Победникот на вчерашните парламентарни избори во Грција, лидерот на Нea Демократија Андонис Самарас попладнево го доби мандатот за составување влада од шефот на државата Каролос Папуљас.

https://p.dw.com/p/14rEv
Фотографија: dapd

Нea демократија освои 18,85 отсто или 108 места во 300-члениот парламент. За обезбедување владино мнозинство на Самарас му се потребни 151 пратеник.

По добивањето на мандатот Самарас има три дена за да формира коалиција. Ако не успее, мандатот оди кај втората, а потоа и кај третата партија според изборните резултати - коалицијата на радикалната левица СИРИЗА и социјалистичката ПАСОК.

За попладнево е закажана средба меѓу Самарас и лидерот на коалицијата на радикалната левица СИРИЗА Алексис Ципрас, која го освои второто место на изборите, а подоцна тој ќе разговара со лидерот на третата по силина партија во новиот парламент, ПАСОК на Евангелос Венизелос.

Предизборните пресметки дека двете најголеми грчки партии Неа Демократија и ПАСОК, во најлош случај, ќе имаат доволен број пратеници за да формираат влада не се покажаа точни, а аналитичарите очекуваат период на продолжена политичка нестабилност во Грција. Особено откако партиите, кои се против рестриктивната економската програма, добија околу 50 проценти од гласовите.

Досегашниот грчки премиер Лукас Пападимос претходно му ја врачи оставката на Папуљас и ја истакна потребата да се обезбеди стабилноста на Грција, за да се обнови економијата.