1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Салех бара имунитет за да се повлече од власта

24 април 2011

По повеќемесечните протести против авторитарното владеење, јеменскиот претседател Али Абдула Салех изразил готовност наскоро да ја предаде власта. Еден од неговите услови е да добие имунитет.

https://p.dw.com/p/1139J
Претседателот на Јемен, Али Абдула СалехФотографија: AP

Али Абдула Салех го прифати планот кој го подготви Советот за кооперација на заливските држави, објави ноќеска државната телевизија на Јемен. Претседателот бил подготвен власта да ја предаде на неговите заменици, и да добие имунитет.

Планот на Советот во кој членуваат, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Кувајт, Бахраин и Катар предвидува и формирање влада на национално единство и крај на демонстрациите во Јемен. Претседателот треба да се повлече во рок од 30 дена, а во период од 60 дена треба да биде избран нов претседател. Предлозите на Советот ги одобри и владејачката партија во државата. Опозициското движење од седум партии во осонова е согласно со планот, меѓутоа имаат некои забелеши. Тие бараат прво оставка на Салех, а потоа формирање на влада, инаку „ќе треба да поденсат заклетва пред Салех, кој веќе го загуби легитимитетот“, вели портпаролот на иницијативата Мохамед Катан.

Jemen Proteste Demonstrationen gegen die Regierung
Секојдневни демонстрации против режимот на Салех во ЈеменФотографија: picture-alliance/dpa

САД во меѓувреме упатија барање до претседателот Салех, „неодложно“ да почне процесот на мирно предавање на власта. Тоа мора да се случи преку дијалог, подвлече портпаролот во министeрството за надворешни работи во Вашингтон, Марк Тонер. Салех долг период уживаше поддршка од Соединетите држави, кои во него гледаа важен сојузник во борбата против теророт. Салех во Јемен на власт е 32 години.

Автор: АТ/СН/ртр/афп/дв

Редактор: Симе Недевски