Сакашвили го потврди укинувањето на вонредната состојба
16 ноември 2007Реклама
Грузискиот претседател Михаил Сакашвили ја потврди вчерашната одлука на Парламентот, од вечерва да се укине вонредната состојба во земјата. Претседателот појасни дека се укинуваат и сите други привремени ограничувања против политичко делување во Грузија со што почнуваат подготовките за предвремените претседателски избори закажани за 5 јануари и референдумот за одредување на датум за парламентарни избори кој ќе се одржи истиот ден. Вонредната состојба во Грузија беше воведена на 8 ноември.