1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саемот за слатки во Келн и промоцијата на македонските фирми

Мехмед Смајиќ
30 јануари 2019

Келн еднаш годишно станува еден вид главен град на производителите на слатки. Годинава на едно место се собраа 1.660 излагачи од повеќе од 70 земји. Меѓу нив и седум од Македонија.

https://p.dw.com/p/3CQRq
Deutschland ISM in Köln
Фотографија: DW/K. Safronova

Саемот за слатки ИСМ е најголем саем на оваа индустриска гранка во светот. За излагачите од Македонија - голема шанса, но и можност да се задржат работниците во земјата. 

Süßwarenmesse ISM - Mazedonische Aussteller
Фотографија: DW/M. Smajic

„Витаминка е многу посакуван работодавач во Македонија. Ние сме социјално одговорна компанија и знаеме дека вработените се нашето најголемо богатство. Се трудиме да ги задржиме не само во однос на примањата, туку и на други бенефити кои ги имаат во Витаминка. Тоа е единствен начин да се задржат вработените, вели директорот на секторот во „Витаминка“, Љупчо Велески.

Повеќе во видеото:

Без работници е тешко да се планира иднината. Производителите на слатки од Македонија пронаоѓаат алтернативни решенија. Еве го рецептот на „Макпрогрес“:

Süßwarenmesse ISM - Mazedonische Aussteller
Фотографија: DW/M. Smajic

„Она што го правиме во Макпрогрес и во Винчини е што работиме на поголема автоматизација и продуктивност за да можеме да ги одржиме нашите цени. Но, работиме и на едукација на луѓето и на насочување на младите за да изберат струка која е поплатена, побарана на пазарот на труд, за и тие да имаат интерес да останат во Македонија и да работат во домашните компании“, вели извршниот директор Глигор Цветанов.

Süßwarenmesse ISM - Mazedonische Aussteller
Фотографија: DW/M. Smajic

Посебен акцент се става на младите, зашто „светот останува на младите“. 

Дино Атанасов од „Макпромет“ оценува: 

„Тоа е повеќе општествен проблем, отколку што е проблем за нас како компанија. Сметам дека во 21 век мора сите повеќе да се фокусираме на кариерен развој, личен развој во општеството и компаниите кои работат во тоа општество.“