1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД се подготвуваат за ураганот „монструм“

АТ/ дапд/ дпа/ афп/ ртр29 октомври 2012

Зад него веќе остави трага на смрт и пустош, а сега се движи кон источниот брег на САД. Ураганот „Сенди“ им се заканува на густо населените области околу метрополата Њујорк па се’ до Бостон.

https://p.dw.com/p/16YZr
Фотографија: dapd

Ураганот „Сенди“ кој се движи во правец на источниот брег на САД во текот на викендот ги разбранува жителите и претседателската изборна кампања во државата.

Претседателот Барак Обама за наредните денови ги откажа сите изборни манифестации во сојузните држави Вирџинија, Колорадо и Охајо. Исто така и неговиот предизвикувач Мит Ромни краткорочно ги промени плановите. За жителите на главниот град Вашингтон како и во повеќе сојузни држави, меѓу нив и Њујорк и Мериленд властите прогласија вонредна состојба.

Ураганот, според експертите се очекува да стигне на копно во текот на ноќта кон вторник, или во раните утрински часови во регионот јужно од Њу Џерси и да се спои со друга бура во ураган од огромни размери. Освен ова од југот на Канада се очекува нов студен бран.

Wirbelsturm Hurrikan Sandy USA Kill Devil Hills
60. милиони луѓе на источниот брег на САД се во опасностФотографија: dapd

Ураганот со пречник од околу 1.500 километри според прогнозите може да предизвика големи штети во сојузните држави Делавер, Мериленд и Вирџинија, која се граничи со областа Вашингтон. Уште позаканувачки изгледаат прогнозите, кога ураганот „Сенди“, според очекувањата ќе се судри со студениот бран од западот и може да мутира во монструмски ураган на столетието.

Се стравува дека ураганот ќе предизвика обилни врнежи од дожд, ветер и снег до 60 сантиметри. Од последиците од невремето се погодени 60. милиони луѓе, изјави шефот на меторолошката служба на САД Луис Учелини. Регионот меѓу Вашингтон и Бостон на источниот брег е еден од најгусто населените региони на САД.

Ураганот исто така би можел да нанесе пустош во предел од 1.300 километри од источниот брег на САД се’ до Големите езера на Северна Америка. Со оглед на тоа што три бури се судираат една со друга, што се случува особено ретко „не можеме прецизно да утврдиме, кој предел ќе биде најсилно погоден“ изјави Рик Наб директор на Националниот центар за урагани во Мајами.

Јавниот живот е замрен

Локалните власти сметаат со најлошото: во главниот град, како и во многу други градови државните институции и училиштата од денеска се затворени. Во Њујорк и Филаделфија од полноќ претстанаа со работа јавните сообраќајни превозни средства, автобусите и метроата. Откажани се повеќе илјади летови.

Wirbelsturm Hurrikan Sandy USA New York Manhattan
Делови од Њујорк се евакуираниФотографија: Reuters

Во Њујорк, по наредба на градоначалникот Мајкл Блумберг мораа да бидат евакуирани 375.000 жители. Евакуирани се исто така и околу 30.000 жители на Њу Џерси, додека во државата Делавер е наредна принудна евакуација на областите во близина на брегот.

На њујоршката берза денеска не се тргува со акции. Поради сериозноста на ситуација не може да се гарантира безбедноста на берзанските работниици и трговци, велат надлежните, обајснувајќи ја краткорочната одлука. Затворено денеска е и главното седиште на ОН.

Голем број сојузни држави ги информираа граѓаните дека е можно повеќе денови да останат без струја.

Ураганот „Сенди“ зад себе веќе остави пустош на Карибите. Најмалку 58 луѓе го загубија животот.