1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД-Русија

6 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Aoez

Официјална Москва ги отфрли критиките на американскиот претседател Џорџ Буш на сметка на демократијата во Русија. Кремљ не се согласува со ставот на Буш и смета дека земјата во оваа област ги дели европските и светски вредности. Џорџ Буш забелешките ги изнесе за време на престојот во Прага, од каде ја повика Москва да се придружи на планот за антиракетен штит во Европа. Според Буш системот треба да биде заштита од евентуални ракети од Иран. Путин предупреди дека доколку САД ја продолжат политиката, руските ракети ќе бидат насочени кон цели во Европа.