САД-преговори со Пјонгјанг
21 јуни 2007Реклама
Специјалниот американски пратеник Кристофер Хил се сретна со севернокорејското раководство во Пјонгјанг,соопшти кинеската новинска агенција Ксинхуа.Посетата на Хил е прва на висок по ранг американски дипломат во комунистичката земја по пет години.Во средиштето на разговорите ќе биде обновувањето на преговорите за запирање на севернокорејската нуклеарна програма,се дознава од американски и јапонски владини извори.