САД планираат база за беспилотни летала во северозападна Африка
29 јануари 2013Американското министерство за одбрана, според медиумски извештаи, планира воспоставување на база за беспилотни леталан, т.н дронови во северозападниот дел на Африка. Потоа невооружените беспилотни летала би требало да патролираат над пустината Сахара со цел подобро набљудување на групите на терористичката мрежа Ал Каеда како и на исламистите во овој регион, јавува американскиот весник „Њујорк Тајмс“. Како можни седишта на базата наведени се Нигер, земја која се наоѓа источно од завојуваниот Мали или пак Буркина Фасо која се наоѓа јужно од Мали. Американските беспилотни летала би требало истотака што е можно побргу да го поддржат ангажманот на француските трупи во Mали.
Во базата во северозападна Африка според „Њујорк Тајмс“ би требало да бидат испратени околу 300 американски војници кои би се грижеле за операциите со
беспилотните авиони.
Единствената воена база на САД во Африка се наоѓа во Џибути, во источниот дел на континентот. Владата во Вашингтон стравува од растечко влијание на радикалните исламисти и сојузниците на Ал Каеда во регионот на Сахара. Примери за тоа се конфликтот во Мали, нападот врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази во септември минатата година како и неодамнешната заложничка драма во Алжир.