САД очекуваат почеток на мировните преговори за Блискиот исток
15 октомври 2011Реклама
Портпаролот на американското Министерство за надворешни работи Викторија Нуланд на прес-конференција во Вашингтон порача дека разговорите меѓу американскиот посредник за Блискиот исток Дејвид Хејл и претседателот на Палестинците Махмуд Абас биле „продуктивни“. Таа се повика и на планот што членките на Блискоисточниот квартет го изготвија кон крајот на септември. Според него, Израелците и Палестинците би требало да склучат мировен договор до крајот на 2012 година. Првата средба во таа насока треба да се одржи веќе до крајот на овој месец, порача Нуланд.
Главна пречка во преговорите и понатаму останува изградбата на еврејски населби на палестинските автономни подрачја.
Автор: ГЧ/ дв
Редактор: А. Трајковска