1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД му се закануваат на Иран

14 април 2006

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс му се закани на раководството во Тхеран со консеквенци поради непопустливиот став во спорот околу иранската атомска програма.

https://p.dw.com/p/Ac7P
Мохамед ел Барадеи во Иран
Мохамед ел Барадеи во ИранФотографија: AP

Претходно шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи одново побара од Иран да престане со преработка на ураниум во согласност со заклучокот на Советот за безбедност на ОН.Шефот на иранскиот преговарачки тим,Лариџани, овие барање ги оквалификува како ирационални.

И покрај различните ставови,Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија и натаму ќе се трудат да најдат решение во спорот со атомската програма.Мохамед ел Барадеи вчера во Техеран наведе што с еИран треба да направи за да дојде до такво решение:

-Напредок во неразјаснетите прашања во врска со верификацијата на договорот преку Агенцијата за атомска енергија,како и исполнување на барањата на меѓународната заедница,за да можат сите страни повторно да седнат на преговарачка маса.

Барадеи е оптимист:Јас и господин Лариџани се согласивме да ги продолжиме дијалогот и соработката следните две недели.Шефот на Агенцијата го пвика Иран на поголема транспарентност.Техеран мора на Советот за безбедност на ОН и на Гувернерскиот совет на Агенцијата за атомска енергија во Виена до 28 април да им достави детален извештај за иранската нуклерана програма.

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс потенцираше дека за разлика од Агенцијата,Советот за безбедност има моќ да изрече санкции и да ги принуди членките на Организацијата да сносат последици доколку не ги следат желбите на меѓународната заедница.

-Нема сомнение дека Иран продолжува да се спротиставува на меѓународната заедница,иако таа многу јасно рече –стоп,потенцираше Рајс.

Американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон претходно најави дека САД размислуваат околу резолуција според поглавието 7 од Повелбата на ООН,доколку Иран не престане со преработката на ураниум во согласност со барањето.Според членот 7 од Повелбата на ОН,може да биде донесено решение и за преземање воени мерки.