1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

270709 USA China Verflechtungen

27 јули 2009

Денеска во Вашингтон ќе се одржи нова рунда на економскиот дијалог меѓу САД и Кина. Разговорите можат да имаат големо влијание врз надминувањето на светската финансиска и економска криза.

https://p.dw.com/p/IxzD
Продолжена рака на Обама за решавање на финансиската криза: министерот Тимоти ГејтнерФотографија: AP

Американскиот Центар за стратешки и меѓународни студии, во март годинава, објави студија за односот меѓу САД и Кина, во која уште во првата реченица се вели дека тој може да има големо влијание врз меѓународните односи, многу поголемо од односот на кои било други две земји. Освен тоа, во анализата се нагласува дека глобалните предизвици, како актуелната економска криза, не можат да се надминат без потесна соработка меѓу САД и Кина. Затоа, американскиот министер за финансии Тимоти Гејтнер, при посетата на Кина во јуни порача: „Промената во насока на поурамнотежена и стабилна светска економија бара суштински промени на светската економска политика и регулирање на финансискиот сектор. Некои од најважните промени ќе мораат да дојдат од САД и Кина!“

Меѓусебна зависност

Економиите на последната светска супер сила и на растечката економска и политичка сила од далечниот исток се многу тесно испреплетени. Така Кина го снабдува американскиот пазар со евтини стоки. Тоа значи дека кинеската економија во голема мера зависи од извозот во САД. Билатералната трговска размена во 2008 изнесуваше преку 400 милијарди долари, при што Американците имаат дефицит од цели 266 милијарди. Ваквиот суфицит во рамената Кинезите го вложуваат во САД. Преку 70% од кинеските девизни резерви, што неодамна се искачија преку границата од две илјади милијарди долари, се вложени во државни обврзници на САД. Кина има во свои раце дури една четвртина од вкупниот државен дефицит на САД. На тој начин, Кина е во голема мера зависна и од движењето на доларот на светските берзи, како и од стабилноста на американската економија. Иако финансиските експерти сметаат дека тоа е погрешна тактика на кинеското раководство и дека на тој начин Кина премногу зависи само од една национална економија, од Пекинг дојде најава дека Кина и натаму има намера да го инвестира трговскиот суфицит во американски обврзници.

Eingang Bank of China
Четвртина од американските државни обврзници се во трезорот на Народната банка на КинаФотографија: AP

Автор: Матијас фон Хајн / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска